17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер: Правилата на УЕФА дозоволуваат допинг

Венгер: Правилата на УЕФА дозоволуваат допинг

arsen-venger

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ги критикуваше прописите на УЕФА кои се поврзани со допингот, велејќи дека постоечките правила „ги толерираат недозоволените супстанци“.

Менаџерот на Арсенал, на прес-конференцијата пред натпреварот во Лигата на шампионите Арсенал – Динамо Загреб, се надоврза на приказната за Аријан Адеми, кој по мечот на овие два тима во Загреб беше позитивен на допинг тестот.

Венгер бараше натпреварот да биде поништен, Арсенал загуби со 2:1, односно неговиот тим да го добие со службен резултат.

Инаку епилогот од позитивниот допинг на Адеми тест е четири годишна суспензија за македонскиот репрезентативец. Ова е најголемата казна која УЕФА ја изрекла на еден фудбалер поради позитивен допинг тест.

Арсен Венгер е незадоволен и поради тоа што минатиот петок десет антидопинг инспектори билe во тренинг центарот на Арсенал.

„УЕФА правилата за допинг и последиците се поврзани со членот 11 на Светската агенција за борба против допингот, а во него се вели: Доколку повеќе од еден член на екипа има позитивен тест, тогаш тоа се смета за кршење на правилото за допинг и целиот тим подлежи на допинг контрола. Доколку се испостави дека двајца или повеќе играчи се допингувани тогаш тој тим ќе биде дисквалификуван“, рекол Венгер.

Инаку неговиот колега, Зоран Мамиќ, суспензијата од четири години која му беше изречена на Адеми ја нарече ‘тренирање строгост кон малите екипи’.

„Господинот Венгер може да размислува и да говори што ќе посака, но други луѓе ги носат одлуките, а така ќе биде и во иднина. Можеби би било најдобро да седне и да започне да пишува прописи за УЕФА“, рекол Мамиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП