18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДембеле си оди од Вардар по завршувањето на сезоната

Дембеле си оди од Вардар по завршувањето на сезоната

dembele 33

Левото крило на ЖРК Вардар, Сираба Дембеле, по завршувањето на сезоната ќе си замине од Скопје, откако одбила да потпише нов договор со клубот.

Француската репрезентативка во ЖРК Вардар пристигна во летото 2013 година, а во претходните две сезони беше дел од тимот кој два пати го освојуваше третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионките.

Минатата сезона Дембеле беше избрана во идеалниот тим на сезоната во шампионската лига.

„И покрај нашите намери да ја задржиме во клубот, задоволни од досегашните нејзини настапи, Дембеле изрази желба да замине. Ние ја почитуваме нејзината волја, и и посакуваме многу среќа во нејзината кариера. Таа е пример за професионален играч кој максимално се посветува на обврските и дава се од себе за постигнување на добри резултати. Задоволство е секогаш да се работи со такви играчи“, изјавил за клупската интернет страница, Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Одлуката на Дембеле да не го продолжи договорот, само ги потврдува шпекулациите дека по завршувањето на сезоната ЖРК Вардар ќе претрпи измени во составот, особено по шпекулациите дека од клубот ќе си заминат и Алтхаус, Лазовиќ, Лекиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП