19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDS покажа целосно нов модел (фото)

DS покажа целосно нов модел (фото)

ds 4s

Новиот премиум бренд „DS“, кој е дел на Алијансата „PSA Peugeot Citroen“, на саемот во Гуангжу (Кина) претстави целосно нов компактен хечбек со името „4S“.

На почеток возилото ќе биде наменето целосно за кинескиот пазар. Тој ќе стане третиот претставник на самостојниот бренд „DS“ по обновениот хечбек и кросоверот кои беа прикажани на саемот во Франкфурт, оваа есен.

ds 4s1

Дизајнот на хечбекот е развиен од француското студио за дизајн на „Citroen“. Моделот „4S“ добил целосно „LED“ главни светла со 3 одделни модули. Кај нив се употребени вкупно 136 „LED“ елементи.

Во палетата мотори се вклучени два бензински агрегати со зафатнина од 1,8 литри со моќност од 136 и 204 КС. И двата мотори се комбинираат со 6-брзински автоматски менувач.

ds 4s2

За хечбекот е предвиден и целосно нов економичен турбо мотор за кој компанијата засега не дава никакви податоци. Се претпоставува дека станува збор за 1,2-литарски мотор со 3 цилиндри, чија моќност е 130 КС.

Производството на „DS 4S“ ќе биде во фабриката во кинескиот град Шенжен, а продажбата ќе стартува во почетокот на 2016-та година. Се очекува во тој период да бидат познати и цените на моделот, како и дали тој ќе се појави и на други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП