17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Дурент за триумф на Оклахома

НБА: Дурент за триумф на Оклахома

durent vs utah

Седум натпревари се одиграа во НБА лигата во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Шест победи забележаа тимовите кои играа на домашен терен, а честа на гостите ја спаси Оклахома со триумфот во Солт Лејк Сити над Јута.

Кошаркарите на Оклахома, со повратникот Кевин Дурент, ја совладаа Јута со 111:89. Дурент кој пропушти четири натпревари поради повреда, постигна 27 поени, шест скока и четири украдени топки.

Филаделфија ја продолжува негативната серија, 15-от пораз од стартот на првенството го забележа кај Минесота (100:95). Минатогодишниот прв пик од драфтот Ендрју Вигинс постигна 32 поени за Минесота, додека најефикасен кај Филаделфија беше дебитантот Џалил Окафор со 25 поени и 12 скокови.

Кливленд славеше над Орландо (117:103). Кевин Лав го предводеше Кливленд со рекордни сезонава 34 поени. Леброн Џејмс мечот го заврши со 15 поени и 13 асистенции и влезе во историјата на НБА лигата. Џејмс стигна до вкупно 6.402 асистенции, што го смести на вечната листа на 25-то место меѓу најдобрите додавачи. Само Џејмс и Оскар Робертсон на вечните листи се меѓу најдобрите поентери и асистенти во историјата на НБА.

Крис Бош и Двејн Вејд постигнаа по 16 поени, а Мајами лесно го совлада Њујорк со 95:78.

Каваи Ленард, најдобриот дефанзивец во лигата, полека станува вистински лидер на Сан Антонио. Ленард имаше учинок од 24 поени, 13 скокови и по четири асистенции и украдени топки во триумфот над Феникс од 98:84.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП