4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.11.2015

Дневен хороскоп 24.11.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе добиете деловни понуди од повеќе страни, па ќе размислувате за проширување на соработката со лицата кои живеат во странство. Рак или Лав можат да ви предложат работа која на прв поглед ќе ви се допадне. Добро се чувствувате во друштво на еден Овен со кој можете да остварите добра соработка во доменот на медиумите или работата која има врска со јавноста.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Транзитот на Месечината ви носи нови можности на работа и подготвени сте да се ангажирате на проектот кој ќе биде исплатлив. Не се потпирајте на мислењето на другите и обидувајте се да се изборите за својот статус во рамките на некоја голема компанија. Можно е да дојдете во конфликт со некој Стрелец или Јарец.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес сте особено осетливи на критиките на Рак или Бик кои не покажуваат особено размислување за вашите проблеми. Всушност многу нешта ве депримираат. Бидете прилагодливи ако треба да се сретнете со Јарец или Шкорпија. Искористете го транзитот на Месечината преку Бик со некој да обавите доверлив разговор во врска со она што најмногу ве оптеретува.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате големи амбиции во врска со нешто што не е лесно остварливо, особено, ако сте млади, студирате или имате намера да започнете да се занимавате со уметност. Обидете се да ги прифатите советите од една Риба, Девица, Јарец или Вага кои ви посакуваат се најдобро. Обновете го знаењето на странски јазици. Деловните односи со Бик ви носат профит.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Еден од понапорните денови ако бидете преосетливи и доколку си дозволите на себе некој да ве вовлече во дискусија за прашање за кое прилично жестоко реагирате. Со Бик или Рак не успевате да најдете заеднички јазик, без оглед за што се работи. Можна е соработка со Водолија која има оригинални идеи во врска со заеднички проект.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Посакувате средба со некој кој сте го запознале во големо друштво. Добро ќе ви дојде совет од повозрасна личност, искусна личност на која сте и важни и која би можела да ви помогне да ја решите емотивната дилема. Верувате дека можете да се вклучите во тимската работа кога станува збор за предлог од Риби.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не би требало денес да влегувате во никакви полемики кога станува збор за огнените знаци, но ниту со еден Рак кој упорно се обидува да ве наговори на нешто што навистина не го сакате. Чувајте се од силни емоции и немојте да си дозволите било што да ве извади од такт. Верувате дека еден Овен ќе биде подготвен да ви помогне на работа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Месечината во Бик значи дека жените ви помагаат, без оглед дали станува збор за сопруга, девојка, сестра, мајка, другарка, и без оглед на тоа кој пол сте вие. Трудете се да ја сочувате ладнокрвноста во ситуациите кои многу ве нервираат. Некој прави планови со вас во врска со некоја нова работа. Во поглед на финансиите очекувајте поволни вести.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Меркур владетелот на вашата куќа за партнерство и бизнис во вашиот знак ви носи можности за добри односи со оние кои се занимваат со финансии. Родените на почетокот на знакот упорно се обидуваат да импресираат некој кој малку е недоверлив и не покажува колку е заинтересиран за продолжување на соработката.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Никој не може да ве убеди дека треба да направите нешто што не сакате, особено ако се работи за вашата долгорочна соработка која не е толку успешна во последно време. Ако сакате да започнете нова работа со некоја Водолија би требало да се подготвите за пријатно изненадување во врска со финансиите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Аспектите на планетите кои се однесуваат на пари, работа и нови обврски се поволни само ако сте вредни и одговорни. Се чувствувате способни да влезете во некоја нова работа. Близнаците или некоја Девица можат да ви направат услуга или да ви понудат некаков нов облик на соработка за кој не сте размислувале но веројатно ќе го прифатите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Еден од подобрите денови ако планирате да започнете соработка или да разговарате со некој Рак или Стрелец. Еден Јарец има практичен совет за вас кој може да ви биде од корист ако имате време да се сретнете со некој кој често патува во странство или кој има добри врски со бизнис лица. Можеби ќе добиете повик кој ќе ве направи среќни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП