18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Четврти пораз во низа за МЗТ

АБА лига: Четврти пораз во низа за МЗТ

aba-liga-ababababa

Кошаркарите на МЗТ го запишаа четвртиот пораз во низа, седми во сезоната во АБА лигата, откако во 11. коло загубија од Задар со 60:72 (21:8, 7:27, 18:17, 14:20).

Македонскиот шампион се наоѓа во играчка криза, што го потврди и на мечот со Задар. Одигра МЗТ добро само во првиот период, а потоа необјасниво се случи неверојатен пад во играта во вториот период, во кој Задар ги полнеше кошот на МЗТ од сите позиции.

Избраниците на Алеш Пипан се обидоа да се вратат во мечот во третата четвртина, за момент ја вратија предноста на своја страна (41:40), но повеќе од тоа не можеа да сторат.

Задар мечот го реши во периодот од 34. до 37. Минута, кога со серија од десет поени стигна до недостижна предност од 50:65.

МЗТ на овој меч имаше 15 загубени топки, 10 промашени слободни фрлања и шут од поле од само 38 отсто.

Дреновац со 15 поени и шест скока, Стојановски со 15 поени и Луковиќ со 12 поени и осум скока, беа едниствените со двоцифрен учинок кај МЗТ. Задар до петтата победа во последните шест натпревари го предводеше Американецот Коуси со 19 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП