ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал без Рамос до крајот на годината

Реал без Рамос до крајот на годината

sr povreda

Реал Мадрид до крајот на годината нема да може да смета на услугите на својот капитен, Серхио Рамос. Дефанзивецот кој уште во септември го повреди рамото, недоволно рехабилитиран се врати во тимот против Севилја (8-ми ноември), кога ја обнови повредата.

Рамос, во саботата, во дербито против Барселона (0:4) играл под инјекции, а по мечот рекол дека мора да земе одмор, за да може целосно да се рехабилитира од повредата.

„Не можам повеќе вака. Потребно е време за целосно да се опоравам од повредата. Мора да земам одмор“, рекол Рамос, кој ја исклучил можноста да оди на операција.

До крајот на оваа календарска година Реал ќе одигра осум натпревари, односно Рамос ќе ги пропушти првенствените натпревари против Еибар, Хетафе, Виљареал и Рајо Ваљекано, дуелите со Шахтјор и Малме во Лигата на шампионите и двете Куп средби со Кадиз.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП