10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Голден Стејт гази се пред себе

НБА: Голден Стејт гази се пред себе

gs nova 00

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, ја забележаа 15-та победа од почетокот на сезоната, откако славеа над Денвер (118:105).

Голден Стејт со ова остварување се најде во друштво на Вашингтон Капитол (1948/1949) и Хјусотн Рокетс (1993/1994), а можност да осамнат на вечната листа ќе има во ноќта помеѓу вторник и среда кога ќе игра против ЛА Лејкерс.

Актуелниот шампион до победата го предводеше Клеј Томпсон со 21 поен и седум асистенции, односно Стеф Кари со 19 поени и седум асистенции. Во екипата на Денвер шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Дерел Артур со 21 поен, а дебитантот Никола Јокиќ оствари „дабл-дабл“ од 11 поени и исто толку скокови.

Њу Орлеанс го совлада Феникс, а до третата победа во сезоната „пеликаните“ ги предводеше Етони Дејвис со 32 поени.

Оклахома ја прекина победничката низа на Далас, кој немаше пораз на претходните шест натпревари. Најефикасен во победата од 117:114 беше Расел Вестбрук со 31 поен.

Портланд во Лос Анџелес славеше над Лејкерси со 107:93, а Демијан Лилард мечот го заврши со 30 поени.

Претходно во центарот „Стејплс“ играа ЛА Клиперс и Торонто, а гостите од Канада славеа со 80:91. Инаку, Клиперс го запишаа третиот пораз во низа.

Третата победа во сезоната ја забележа Бруклин. Брук Лопез со 23 поени и 10 скокови го предводеше тимот до триумф над Бостон (111:101).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП