20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерија А: Интер се врати на врвот

Серија А: Интер се врати на врвот

_86822327_bia

Фудбалерите на Интер славеа над Фрозиноне со 4:0, во последниот натпревар од 13.коло во Серија А. Избраниците на Роберто Манчини со четвртата победа во низа се вратија на челната позиција на табелата.

Против аутсајдерот, првиот гол за Интер го постигна Бијабијани по половина час игра. Предноста на Интер потоа ја дуплираше Икарди, а последните два гола беа постигнати во самиот финиш.

Најпрвин деби голот во Серија А го постигна дефанзивецот Муриљо во 87.минута, а пет минути подоцна точка на мечот стави Брозовиќ.

Интер е лидер со 30 бодови, два повеќе од Наполи и Фиорентина и три повеќе од Рома, во наредното коло во дербито ќе играат Наполи и Интер.

Резултати, Серија А 13.коло:

Верона-Наполи 0:2

Атланта-Торино 0:1

Карпи-Киево 1:2

Фиорентина-Емполи 2:2

Џенова-Сасуоло 2:1

Лацио-Палермо 1:1

Удинезе-Сампдорија 1:0

Интер-Фрозиноне 4:0

Болоња-Рома 2:2

Јувентус-Милан 1:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП