11 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико преку Бетис до второто место во Примера

Атлетико преку Бетис до второто место во Примера

atle

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се искачија на второто место во Примера, откако во претпоследниот натпревар од 12.коло, во Севилја, славеа над Бетис со 1:0.

Единствениот гол со кој Атлетико ја забележа четвртата победа на последните пет натпревари го постигна Коке во седмата минута.

Инаку, екипата на Диего Симеоне, доминираше во текот на целиот натпревар и вистинско чудо е што ‘јорганџиите’ постигнаа само еден гол.

По голот на Коке, Гризман и Караско не реализираа чисти шанси за зголемување на водството, а во второто полувреме две големи шанси не успеа во гол да претвори Гризман. Француаскиот напаѓач во ситуација ‘еден на еден’ шутираше над голот, а потоа ја погоди стативата.

Бетис во текот на целиот меч беше безопасен, а неговите играчи упатија само два удари директно кон голот на Атлетико.

Барселона по 12 кола е лидер со 30 бодови, четири повеќе од Атлетико, додека Реал е трет со 24.

Колото во Примера, в понеделник, ќе го комплетираат Хетафе и Рајо Ваљекано.

Резултати, 12.коло:

Спортинг-Леванте 0:3

Виљареал-Еибар 1:1

Гранада-Атлетик Билбао 2:0

Бетис-Атлетико Мадрид 0:1

Реал Сосиедад-Севилја 2:0

Реал Мадрид-Барселона 0:4

Еспањол-Малага 2:0

Валенсија-Лас Палмас 1:1

Депортиво-Селта 2:0

Хетафе-Рајо Ваљекано (понеделник).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП