21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовторно Жалуз, Барселона победи во Скопје

Повторно Жалуз, Барселона победи во Скопје

vardar-barsa

Ракометарите на Вардар, во една недела, го забележаа и вториот пораз против Барселона. ‘Црвено-црните’, во неделата, на домашен терен загубија од актуелниот европски првак со 25:27 (15:12).

Вистинска ракометна треска предизвика гостувањето на европскиот шампион во Скопје. Атмосферата на трибините беше велечинесвтена од самиот почеток, кога на теренот беше развиено огромно знаме на Вардар, продолжи со френетичниот поздарв за Кире Лазаров кога тој излезе на теренот.

Но Барселона успеа да го преживее скопскиот пекол, најмногу поради одличниот голман Де Варгас, левиот бек Жалуз и десното крило Виктор Томас. Жалуз, кој пред една недела во Барселона против Вардар постигна 12 голови, во Скопје осум пати го совлада Штербик.

Енергијата на трибините се пренесе и на ракометарите на Вардар, кои имаа одлично отворање на натпреварот. Играа ‘црвено црните’ цврсто во одбраната, на граница на исклучување и ефикасно во нападот. Душебаев ја повлече вардаровата игра и по осум минути на семафорот стоеше 6:2.

Вардар без многу проблеми ја одржуваше предноста од четири гола (7:3, 8:4, 9:5, 10:6) се до 19.минута. Следуваше одличен период на Барселона и серија од шест постигнати со еден примен гол за првот каталонско водство на мечот 11:12.

Следуваше потоа урагански одговор на Вардар, со четири гола во последните три минути и сигурна предност по првиот дел од 15:12. Вториот дел започна со два брзи гола на Барселона, но Вардар многу бргу ја најде својата игра од првиот дел и ја стабилизира предноста на два – три гола, а секогаш кога Барса ќе притиснеше со гол одговараше Горбок.

Каталонците својата серија, со која и стигнаа до победата, ја започнаа на почетокот на 50.минута, кога Вардар имаше предност од 24:22.

До крајот на мечот Вардар постигна само еден гол (Македа), а Барса преку Жалуз, Томас и Сприжак пет. Во овој период имаше неколку дискутабилни судуски одлуки, кои ја разлутија публиката, но и два промашени зицери на Шишкарев.

Рускиот репрезентативец при резултат 24:24, на шест минути до крајот не погоди во ситуација ‘еден на еден’, со Де Варгас, а голманот на Барселона излезе како победник и на почетокот на последната минута кога Варда можеше да фати приклучок.

„Немаше да биде незаслужено доколку победеше Вардар. Ние сезонава одигравме осум мечеви во ЛШ и на ниту еден не забележавме лесна победа. Овој меч го добивме во финишот, мислам дека психолошки бевме подобро подготвени. Ова беше дуел на тимови кои претендираат на настап на фајналфоур турнирот и среќни сме што победивме“, рече веднаш по мечот Кирил Лазаров кој мечот го заврши со четири постигнати голови.

Неговиот репрезентативен колега од спротивниот табор, Столе Стоилов, смета дека судиите влијаеле врз конечниот резултат.

„Добро влеговме во мечот, потоа Барса ги искористи нашите грешки и стигна до израмнување. Вториот дел не го започнавме добро, а и се разбрани нивниот голман, покрај тоа и судиите имаа чудни одлуки, сметам дека победата ни беше одземена“, рече Стоилов.

Горбок ги предводеше стрелците кај Вардар со пет голови, а по три постигнаа Циндриќ, Шишкарев, Дибиров и Карачиќ.

Кај Барселона голманот Де Варгас имаше 17 успешни интервенции, Жалуз постигна осум, а капитенот Виктор Томас седум голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП