6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСабота ден за дерби пресметки

Сабота ден за дерби пресметки

topka fudbal

По 15-дневната пауза поради репрезентативните настапи, продолжуваат натпреварите во националните првенства ширум Стариот континент, а веќе првиот ден од викендот на програмата се неколку дерби пресметки.

Секако дека во центарот на вниманието ќе биде 263-от дуел на Реал и Барселона. „Ел Класико“ ќе се одигра во Мадрид, а ќе започне во 18:15 часот.

Дербито кое се игра во раната фаза на првенството нема да го реши прашањето околу шампионската титула, но „Ел Класико“ е повеќе од обичен меч. Барселона во дербито влегува од челната позиција на табелата, со три бода повеќе од Реал.

Во минатото првенство Реал победи со 3:1, а Барселона последен пат победи во Мадрид пред 18 месеци (3:4).

Мечот, поради терористичките напади во Париз пред една недела, ќе го обезбедуваат рекорден број полицајци и редари, шест пати повеќе обезбедување ќе има од вообичаеното.

Реал е комплетен, дури и Бензема е подготвен за настап, додека најголема мистерија е Лионел Меси. Најдобриот светски фудбалер надвор од терените е од 26-ти септември, но информациите говорат дека тој е подготвен, а дали ќе го започне мечот тренерот Луис Енрике ќе реши еден час пред почетокот.

Покрај „Ел Класико“, големи натпревари ќе се играат и во Англија, Италија, Германија, Португалија, но и во нашето соседство.

Јувентус, во Торино, ќе го пречека Милан во Серија А, мечот стартува во 20:45. Во Англија и Германија од 18:30 ќе започнат дуелите Манчестер Сити – Ливерпул и Шалке – Баерн Минхен.

Во Грција ќе се одигра едно од најголемите градски средби, дуелот на вечните непријатели Панатинаикос и Олимпијакос, додека Лисабон ќе биде во знакот на Спортинг и Бенфика, кои ќе играат Куп натпревар.

Во Унгарија на програмата е најголемото дерби во оваа земја, кое датира уште од 1903 година, а ќе играат МТК и Ференцварош. Од друга страна, во Словенија на програмата е дербито во Љубљана каде Олимпија ќе го пречека Марибор со македонскиот репрезентативец Агим Ибраими.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП