Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја забележаа 14-та победа од почетокот на сезона и уште само две победи ги делат од апсолутниот рекорд во лигата.
Во ноќта меѓу петокот и саботата, Голден Стејт славеа над Чикаго со 106:94. Стефон Кари одново го предводеше својот тим против Булси тој имаше учинок од 27 поени (9/20 шут од поле, 1/11 за три). Придонесот на Кари одлично го испратија Херисон Барнс (20 поени, 9 скокови) и Клеј Томпсон (15 поени).
Џими Батлер беше најефикасен кај Булси со 28 поени, девет скокови и седум асистенции, додека шпанските репрезентативци Никола Миротиќ и Пау Гасол остварија ‘дабл дабл’, двајцата имаа по 10 скокови и пет асистенции, Миротиќ постигна 18, а Гасол 14 поени.
На другите натпревари Њу Орлеанс против Сан Антонио ја забележа втората победа во сезоната (104:90), Марк Гасол оствари ‘трипл дабл’ (16 поени, 11 скокови, 11 асистенции) во победата на Мемфис над Хјустон (96:84), додека Њујорк изненади во Оклахома со триумфот од 93:90.
Портланд ја прекина низата од седум порази со триумфот над ЛА Клиперс (102:91), Далас славеше над Јута 102:93 и ја запиша шестата победа во низа, додека Филаделфија во Шарлот го забележа 13-от пораз и е единствениот тим без победа во лигата.