10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПлатини смета дека гол-технологијата е скапа

Платини смета дека гол-технологијата е скапа

platiniii

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини кој е познат како главен поборник против воведувањето на гол-технологијата, објасни зошто има такво мислење.

„Користењето на технологијата во Лигата на шампионите и Лига Европа значи дека мораме оваа технологија да ја воведеме на 280 стадиони, а притоа и да ја отстраниме за средбите од домашните првенства. Тоа нас би не чинело околу 54 милиони евра, што е премногу за утврдување на ситуации кои се случуваат еднаш во 40 години. Со задоволство истите пари би ги вложил во развојот на младите играчи и подобрување на инфраструктурата“, изјавил Платини.

Првиот човек на европската куќа на фудбалот е познат како најголем противник во примената на гол-технологијата во фудбалот и се залага за воведување на петти судија.

„Задоволен сум од постигнатите резултати во Лигата на шампионите. Практично немаше грешки и судиите гледаат се што се случува на теренот. Многу од националните федерации се залагаат за воведување на петти судија, но немаат пари за тоа, па поради тоа УЕФА е подготвена финансиски да им помогне“, додаде претседателот на УЕФА.

За разлика од УЕФА, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) минатиот месец ја одобри употребата на технологиите „Hawk-Eye“ и „GoalRef“ на Светското првенство во 2014-та година кое ќе се оддржи во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП