13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВавринка преку Мари до полуфинале со Федерер

Вавринка преку Мари до полуфинале со Федерер

wawrinka-atp.jpg.size.xxlarge.letterbox

Стан Вавринка ќе му биде противник на сонародникот Роџер Федерер во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.

Во последниот меч од групата „Илие Настасе“, Вавринка за нешто помалку од два часа игра го совлада Енди Мари со 7:6 (7:4), 6:4.

Полуфиналниот дуел на двајцата Швајцарци ќе биде реприза на нивната минатогодишна пресметка, исто така во полуфиналето, на завршниот Мастерс. Тој дуел остана во сенка на вербалниот судир на Вавринка со сопругата на Федерер Мирка.

Имено таа на Вавринка му дофрли дека е плачко, максимално го испровоцира, а нејзиниот сопруг тоа гo искористи и успеа да спаси четири меч топки, а потоа и да триумфира.

Втората полуфинална двојка ја формираа бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Србинот и Шпанецот, во Лондон, ќе го одиграат 46-от меѓусебен дуел, Надал има една победа повеќе.

Полуфиналните мечеви ќе се одиграат в сабота, од 15 часот на теренот ќе излезат Ѓоковиќ и Надал, а швајцарската пресметка Федерер-Вавринка ќе започне во 21 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП