17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер ќе игра и во 2017-та

Федерер ќе игра и во 2017-та

930604142564eee2f3ebc1702892736_w640

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, иако има 34 години нема намера да се повлече од активното играње. Федерер најави дека ќе учествува на АТП турнирот од серијата 250 во Штутгарт во 2016 и 2017 година.

Инаку, турнирот во Штутгарт, според календарот на АТП, се игра веднаш по Грен слемот во Париз (Ролан Гарос), а од оваа сезона се игра на трева, омилената подлога на швајцарскиот тенисер.

„Штутгарт на трева, по сезоната на земја, а во пресрет на Вимблдон е одлична работа. Јас сакам да испробувам нови работи, поради тоа ме интересира што ќе се случи во Штутгарт“, рекол Федерер.

Оваа година титулата на овој турнир ја освои Рафаел Надал кој во финалето славеше над српскиот тенисер Виктор Троицки.

„Бев задоволен што Надал го освои турнирот, добро е да имате таков играч во вистинско издание. Го гледав тој меч на телевизија. Ми делуваше дека теренот е добар и во самиот финиш на турнирот“, дополнил Федерер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП