1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕдномесечен притвор за Здравко Мамиќ

Едномесечен притвор за Здравко Мамиќ

z mamic 002

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб, на извршниот претседател на фудбалскиот клуб Динамо, Здравко Мамиќ и на неговиот син Марио, им одреди едномесечен притвор. Постои можност притворот да биде заменет со кауција во износ од 15 милиони куни (два милиони евра), односно пет милиони куни (660.000 евра).

Притоворот на таткото и синот Мамиќ им е одреден поради можноста да влијаат врз сведоците и поради можноста кривичното дело да биде повторено.

Под сомнение за повеќемилионски малверзации од трансфери на фудбалери, мерката притвор им е одредена и на бизнисмените Игор Крот и Сандо Стипанчиќ, кои од притвор можат да излезат доколку платат кауција во износ од три односно четири милиони куни.

Во исто време на извршниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Дамир Врбановиќ му е овозможено да се брани од слобода, бидејќи му била прифатена кауцијата од претходниот случај.

Новата истрага против Здравко Мамиќ е покрената под сомнение дека од фудбалскиот клуб Динамо Загреб преку оф шор компании биле извлечени повеќе од десет милиони евра и 500.000 фунти.

Обвинителството се сомнева дека Мамиќ од крајот на 2004 година до оваа година, заедно својот син, односно со Врбановиќ, Крот и Стипанчиќ склучувал фиктивни договори помеѓу Динамо и странски фирми за преземање на непостоечки долгови на клубот кон играчите и за непостоечки посредувања поврзани со трансферите на играчите. Ваквите договори во име на Динамо ги потпишувале Мамиќ и Врбановиќ.

Хрватските медиуми пишуваа дека спорни се трансферите на Марио Манџукиќ, Едуардо да Силва, Дејан Ловрен, Матиас Чаг, Давор Вугринец, Андерсон Коста, Лука Модриќ и други.

Против челниците на Динамо, Здравко и неговиот брат Зоран, кој е тренер на Динамо, во јули годинава е покрената истрага поради затајување на данок. Според обвинителството Динамо бил оштетен за 118 милиони куни (15,6 милиони евра), а државниот буџет за околу 12 милиони куни (1,6 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП