7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена ѕвезда испушти предност од 21 поен и загуби во Стразбур

Црвена ѕвезда испушти предност од 21 поен и загуби во Стразбур

crvcrv

Седум натпревари од шестото коло во кошаркарската Евролига се одиграа во четвртокот. Перо Антиќ постигна 10 поени во убедливиот триумф на Фенербахче во Минхен, додека Црвена ѕвезда испушти предност од 21 поен и загуби во Стразбур.

Фенербахче предводен од Боби Диксон (25 поени, 4 скока, 5 асистенции) и Луиџи Датоме (17 поени, 6 скока, 5 асистенции) славеше убедливо во Минхен , над Баерн, со 84:67. Перо Антиќ натпреварот го заврши со 10 поени и по три скока и асистенции.

Црвена ѕвезда, во Стразбур имаше 18 поени предност по првото полувреме, а почетокот на вториот дел и позитива од 21 поен, но го загуби мечот со 78:75. Кошаркарите на Црвена ѕвезда во второто полувреме постигнаа само 23 поени, а во последната четвртина ниту еднаш не погодија од игра, сите 11 поени ги постигнаа од линијата за слободни фрлања.

Жереми Лелу со 24 и Родриго Бобуа со 17 поени го предводеа Стразбур, додека Оливер Милер со 23 поени, 11 скокови и четири блокади бее најефикасен во редовите на Црвена ѕвезда.

Група А:

Баерн-Фенербахче 67:84

Стразбур-Црвена ѕвезда 78:75

Реал Мадрид-Химки 82:85

Група Б:

Цедевита-Олимпијакос 70:83

Лаборал Куча-Армани Милано 92:84

Група Ц:

Жалгирис-Зелена Гора 67:56

Барселона-Каршијака 107:79

Група Д:

Макаби-ЦСКА Москва 82:88.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП