
Швајцарските истражители проверуваат повеќе од 120 сомнителни трансакции во Светската фудбалска федерација (ФИФА), пренесува агенцијата АФП.


Швајцарските истражители проверуваат повеќе од 120 сомнителни трансакции во Светската фудбалска федерација (ФИФА), пренесува агенцијата АФП.
Истрагата е продолжение на корупцискиот скандал, поради кој претседателите на ФИФА и УЕФА се суспендирани на 90 дена. Во 2011 година, ФИФА му исплатила два милиони долари на Мишел Платини кој во тоа време му бил советник на Сеп Блатер, а за исплатата не постои никаков документ.
Исто така швајцарското обвинителство води истражна постапка против Блатер поради корупциските скандали во ФИФА.