2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорко Ристовски се пресели во Рајн Некар Ловен

Борко Ристовски се пресели во Рајн Некар Ловен

b.ristovski 02

Голманот Кретеј и македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски (33) ја напушта Франција и се сели во Германија, во редовите на лидерот во Бундеслигата – Рајн Некар Ловен.

Ристовски кој има бундеслигашко искуство, откако две години бранеше голот на Гумерснах, го потврди трансферот.

Рајн Некар Ловен, е во потрага по уште еден квалитетен голман, откако Дарко Станиќ го напушти клубот. Во моментов екипата од Мајнхајм има тројца голмани Швеѓанецот Микаел Апелгрен, Словакот Ричард Штохл и 20-годишниот Германец Марко Биц.

Ристовски во кариерата настапувал за Македонија, Вардар, Металург, Туерко, Алгекирс, Гумерсбах, Ал Ахли и Кретеј.

Македонскиот репрезентативец најпрвин ќе настапува само во Бундеслигата, а од јануари ќе стекне право на настап и во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП