9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКастратовиќ: Нема да го потцениме Хипо

Кастратовиќ: Нема да го потцениме Хипо

kastratovik

Ракометарките на Вардар, в сабота, ќе го одиграат последниот натпревар, во првата фаза во Лигата на шампионките. Противник на ‘црвено црните’ ќе биде аутсајдерот во групата Хипо. Првиот меч, кој пред еден месец се одигра во Виена, заврши со убедлива победа на Вардар (38:25).

Мечот Вардар-Хипо нема никакво резултатско значење, бидејќи од претходно е познато дека вардарки во наредната фаза, односно во четвртфиналната група, ќе пренесат четири бода.

Сепак од таборот на македонските шампионки најавуваат максимално сериозен пристап и респект кон противникот. Исто така дуелот со некогаш славното име на европскиот женски ракомет ќе биде можност повеќе минути на теренот да добијат помладите ракометарки на Вардар.

„Ваквите натпревари некогаш знаат да бидат многу потешки отколку натпревар со посилен противник. Нема да дозволиме да има опуштање на овој натпревар, цела недела се обдуваме да внесеме малку тензија на тренинзите, така што овој меч ќе го одбработиме како да играме со некоја најсилна екипа. Овој меч ќе биде добар за оние девојки кои на претходните дуели немаа шанса да играат, сигурно е дека тие ќе добијат поголема минутажа“, рече тренерот на ракометарките на Вардар, Индира Кастратовиќ.

Кастратовиќ за овој меч на располагање го има целиот тим, со исклучок на Сања Дамјановиќ, која ќе одмора поради дисторзијата на скочниот зглоб.

Натпреварот ЖРК Вардар-Хипо в сабота ќе започне во 17:30 часот, додека в недела ќе играат Митјиланд и Ѓер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП