Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд одреди обештетување од 60 милиони евра за напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, пренесе Bild.
Борусија нема намера да го продаде Обамејанг, но според Bild, за него многу голем интерес покажале Арсенал и Пари Сен Жермен.
Обамејанг неодамна изјави дека повеќе би сакал да игра во Шпанија, отколку во Англија.
„Мојот сон е да заиграм во Шпанија. Се надевам дека тоа и ќе се случи, но не знам кога. Луѓето мислат дека Премиер лигата би била добра за мене, но мајка ми е од Шпанија и навистина ми е сон да играм таму. После тоа, може и да заиграм во Премиер лигата“, рече Обамејанг.
Тој на 16 натпревари во оваа сезона има постигнато 19 голови.
Габонскиот фудбалер во Борусија дојде во 2013 година за 13 милиони евра од Сент Етјен.