Четвртото коло во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија, беше комплетирано во ноќта помеѓу вторникот и средата. Аргентина, во дербито, слеваше во Колумбија (1:0) и ја забележа првата победа во квалификациите, додека во второто дерби Уругвај го декласира Чиле со 3:0.
Аргентина забележа значајна победа во Колумбија, освои три бода и фати приклучок со водечките тимови. Единствениот гол на натпреварот го постигна играчот на Лацио, Лукас Биља во 20-та минута.
Уругвај против Чиле ја забележа третата победа. Уругвајците славеа со головите на Годин во првото, односно Ролан и Касерес во второто полувреме.
Лесна победа запиша и Бразил 3:0 во дуелот со Перу, а стрелци беа Даглас Коста, Аугусто и Фелипе Луис.
Еквадор ја предводи табелата со максимални четири победи. Еквадорците во четвртото коло славеа во Венецуела со 3:1. Фидел Мартинез и Монтеро со головите во 15-ти и 23-ти минута ја најавија победата на Еквадор, која ја потврди Каиседо во 60-та минута. Домаќинот почесниот гол го постигна на шест минути до крајот на натпреварот преку Мартинез.
Боливија прва постигна гол во Парагвај преку Дук, а потоа Лезцано и Бариос направија пресверт, за триумф на Парагвај од 2:1.
Табела: 1. Еквадор 12, 2. Уругвај 9, 3. Бразил 7, 4. Парагвај 7, 5. Чиле 7, 6. Аргентина 6, 7. Колумбија 4, 8. Боливија 3, 9. Перу 3, 10. Венецуела 0.