Голманот на Интер, Самир Хандановиќ, соопшти дека се повлекува од националниот тим на Словенија, веднаш по неуспехот во баражот за ЕУРО 2016 против Украина.
Словенија во Марибор одигра 1:1 против Украина која со вкупен резултат 1:3 избори пласман на континеталното првенство.
„Сé што сакам да кажам во овој момент е тоа дека завршив со репрезентативната кариера“, рекол веднаш по мечот 31-годишниот Хандановиќ.
Самир Хандановиќ 11 години беше прв чувар на мрежата на репрезентацијата на Словенија, дебитирал во ноември 2004-та година, а против Украина го одигра 79-от меч во националниот тим.