5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМортен Олсен повеќе не е селектор на Данска

Мортен Олсен повеќе не е селектор на Данска

_86741105_mortenolsen

Живата легенда на данскиот фудбал, Мортен Олсен, реши да се повлече од селекторската функција, по неуспехот на репрезентацијата во баражот за пласман на ЕУРО 2016.

Шведска во бараж двомечот беше поуспешна од Данска со вкупен резултат 4:3. На домашен терен Шведска победи со 2:1, а во вторникот во Копенхаген одигра 2:2.

„Ги известив играчите и челниците на Федерацијата дека нема да продолжиме заедно. Беше привилегија да се биде дел од националниот тим цели 35 години, најпрвин како играч, а потоа и како тренер“, изјавил 66-годишниот Олсен, кој Данска како селектор ја предводеше на четири големи натпреварувања.

Како играч Мортен Олсен за Данска одиграл 102 натпревари и постигнал четири гола. Тој изминатите 15 години беше селектор на Данска.

Инаку покрај селекторот Олсен, во вторникот по мечот со Шведска, по 80 одиграни натпревари крај на репрезентативната кариера стави и Ларс Јакобсен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП