6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалот во сенка на тероризмот, Англија ја победи Франција

Фудбалот во сенка на тероризмот, Англија ја победи Франција

fudbal-fuuuuuu

Ширум Европа, во вторникот, се играа пријателски натпревари, но тие беа фрлени во втор план бидејќи поради безбедносни закани два меча беа откажани.

Неколку денови по терористичкиот напад во Париз, поради безбедносен ризик беше откажан мечот Белгија-Шпанија, додека на два и пол часа пред почетокот истото се случи со мечот Германија-Холандија. Полицијата во Хановер открила сомнителен пакет на стадионот.

Англија славеше над Франција со 2:0, со головите на 19-годишниот Деле Али и Вејн Руни. Почетокот на мечот беше многу емотивен бидејќи сите на стадионот ја пееја француската химна.

Во Истанбул, турските навивачи со свирежи ја испратија минутата молчење во чест на загинатите во Париз. Инаку Турција и Грција одиграа без голови.

Луксембург загуби од Португалија (0:2), а головите ги постигнаа Андре Андре и Нани.

Полска со головите на Милик, Јодловец и Гросицки ја совлада Чешка со 3:1. Голот за Чешка го постигна Крејчи.

Хрватска одигра одлично второ полувреме во Русија и славеше над домашната селекција со 1:3. Русите водеа со голот на Смолов, а потоа пресврт направија Калиниќ, Брозовиќ и Манџукиќ.

Италија и Романија ремизираа (2:2). Гостите поведоа преку Станчу, потоа Италија постигна два гола преку Маркизио и Габијадини, а конечниот резултат го постави Андоне.

Сеферовиќ ги постигна двата гола во триумфот на Швајцарија над Австрија (2:1), додека Словачка со двата гола на Мак славеше над Исланд со 3:1. Еден гол за Словаците постигна Дурис, а претходно Исланд го отвори резултатот преку Финбогасон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП