2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ шведски херој, Украина се одбрани во Марибор

Ибрахимовиќ шведски херој, Украина се одбрани во Марибор

_86741536_zlatan_getty2

Фудбалските репрезентации на Шведска и Украина ја комплетираа листата на учесници на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Франција.

Шведска по победата на домашен терен од 2:1, во Копенхаген против Данска одигра 2:2, додека Украина успеа да се одбрани во Марибор и по триумфот во првиот меч од 2:0, против Словенија одигра 1:1.

Шведска во Копенхаген водеше со 2:0 со головите на Ибрахимовиќ. Напаѓачот на ПСЖ во 19.минута одлично реагираше во корнерот на Калстром, а во 76.минута постигна брилијантен гол од слободен удар.

Данците притиснаа во последните 15 минути и со гола го избегнаа поразот. Најпрвин Поулсен намали во 81.минута, а десет минути подоцна конечниот резултат го постави Вестергард.

Словенците, во Марибор, одлично го започнаа мечот и по 11 минути игра, со голот на капитенот Цесар, ја преполовија предноста на Украина.

Сепак ‘змајчеки’, во понатамошниот тек од натпреварот не постигнаа барем уште еден гол, иако се обидуваа и имаа теренска иницијатива. Мечот изобилуваше со неспортско однесување од страна на играчите на двата тима, а во 93.минута Словенецот Брецко доби директен црвен картон.

Украина израмни во 97.минута преку Јармоленко, кога сите Словенци, со исклучок на голамнот Хандановиќ беа пред голот на Украина, Кравец одзеде една топка го претрча речиси целиот терен, а потоа го проигра Јармоленко кој го постави конечниот резултат.

Покрај Шведска и Украина на ЕП ќе играат уште: Франција, Англија, Чешка, Албанија, Исланд, Австрија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Словачка, Швајцарија, Италија, Хрватска, Белгија, Велс, Романија, Германија, Полска, Русија, Турција, Унгарија и Република Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП