10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер ја прекина победничката серија на Ѓоковиќ

Федерер ја прекина победничката серија на Ѓоковиќ

federer

Роџер Федерер го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:0 (7:5, 6:2), во второто коло во групата „Стен Смит“, на завршниот Мастерс во Лондон.

Федерер ја прекина низата на Ѓоковиќ од 15 последовни победи на завршниот Мастерс. Ѓоковиќ го забележа првиот пораз уште од финалето во Синсинати, каде беше поразен токму од Федерер.

По Синсинати Ѓоковиќ забележа 23 победи и ги освои титулите на УС Опен, Пекинг, Шангај и Париз.

Исто така српскиот играч загуби меч во дворана прв пат по 2012 година кога беше поразен од Сем Квери.

Првиот носител и бранителот на титулата одигра исклучително лош меч, особено во вториот сет, кога целосно беше надвор од посакуваниот ритам.

На крајот Федерер имаше 19 директни поени и исто толку грешки, додека Ѓоковиќ направи 22 неизнудени грешки и имаше 12 винери.

Федерер со оваа победа обезбеди пласман во полуфиналето, во третото коло тој ќе игра против Кеи Нишикори кој претходно славеше над Томаш Бердих со 7:5, 3:6, 6:3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП