4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез гостински навивачи во француската лига

Без гостински навивачи во француската лига

navivaci

Натпреварите од француското фудбалско првенство од претстојниот викенд ќе се играат без гостински навивачи, објави раководството на  Ле Шампионат.

Одлуката е донесена поради безбедносни причини по низата терористички напади во петокот во Париз во кој беа убиени 129 лица.

„Лигата ги презеде сите мерки за да ги обезбеди натпреварите, а државата исто така ќе ја искористи својата моќ за да ја гарантира безбедноста“, рече францускиот министер за спорт Тиери Браилар.

Гостински навивачи нема да бидат присутни ниту на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Монако и Андрлехт закажан за 26 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП