10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов резил на фудбалерите, Либан победи во Скопје

Нов резил на фудбалерите, Либан победи во Скопје

mk 330

Кога најмалку се очекуваше, по добрата игра и убедливата победа во четвртокот над Црна Гора, македонските репрезентативци добија шлаканица од фудбалските анонимци од Либан.

Македонија, денеска загуби од Либан со 0:1, во пријателски меч одигран на „Филип Втори“.

Либан ја забележа само втората победа против европска селекција во својата историја, претходно оваа репрезентација пред две децении славела над Словачка.

Тактичката формација на либанскиот селектор уште од стартот ја откри определбата неговата репрезентација да го брани својот гол и да се обиде од Скопје да замине без пораз.

Во таа определба му во многу нешта му ‘помогнаа’ избраниците на Игор Ангеловски, кои одиграа анемчнчно, без премногу желба да го притиснат противникот. Единствена опасност за либанскиот голман беа нафрлувањата во неговиот голмански простор.

Две такви сутуации имаше капитенот Шиков во раната фаза на натпреварот, во петтата и седмата минута, но неговите обид со глава завршија крај голот. Имаше можност и Мојсов во 73-та минута, но и тој беше непрецизен, исто како и Илијоски веќе во наредната минута.

Либанците, кои се покажаа како технички и тактички репрезентација со скромни квалитети, во првиот дел упатија еден удар кон голот на Димитриевски, директниот виновник за голот кој го постигна противникот.

Во 47-ма минута Либан изведе корнер, топката беше избиена, некој од противничките играчи ја врати во шеснаесетникот, Димитриевски „исплива“ во празно, Трчковски не успеа да ја исфрли, а дефанзивецот на Либан Оумари само се поклони за водство од 0:1.

Либан можеше во 93-та минута да го зголеми водството, Хајдар се прoби по левата страна, на петерецот му сервираше одлична топка на Шамсин, но овој биеше крај голот на Димитриевски.

Последната шанса да го избегне поразот, Македонија ја имаше во 96-та минута, но Трајковски од слободен удар само ја дофрли топката до либанскиот голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП