17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТимот кој победува не се менува

Тимот кој победува не се менува

trajko-mrme-gligorov

Македонската фудбалска репрезентација во вторник ќе го одигра контролниот натпревар против Либан, селекција која на ФИФА листата се наоѓа на 140-то место.

Новиот селектор на националниот тим Игор Ангеловски посакува неговите избраниците да го повторат изданието од четвртокот кога убеливо славеа над Црна Гора (4:1).

„Либан е добро организирана селекција, со сличен ранкинг на нашата репрезентација. Мислам дека ќе имаме добра проверка, противникот е во натпреварувачка форма со оглед дека се во тек на квалификациски циклус. Наша цел е да го повториме тоа што беше добро од дуелот со Црна Гора, ќе се обидеме чекор по чекор да ја градиме играта која сакаме да биде препознатлива за нашиот национален тим. Не е тајна ниту почетниот состав, ќе стартуваат истите десет играчи како и против Црногорците, а ќе одлучиме кој ќе влезе на местото на Агим Ибраими“, вели селекторот Ангеловски, кој за овој меч повика и четворица играчи од младата репрезентација (Барди, Алексовски, Зајков, Ангелов).

Контролинот меч со Црна Гора го одбележа напаѓачот на Палермо, Александар Трајковски кој постигна три од четирите голови на македонската репрезентација.

„Максимално ќе одиграме и на овој меч, да го покажеме истото како со Црна Гора. Секој треба да биде мотивиран, да се обидеме да победиме со цел да врземе две победи. Ова се натпревари кои треба да ни ја зголемат самодовербата, а потоа да се подготвуваме за следните квалификациски“, изјави Трајковски.

Натпреварот Македонија-Либан, ќе се одигра во вторник со почеток во 13 часот, на Националната арена „Филип Втори“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП