22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Триумфи на Мемфис, Њујорк, Сакраменто...

НБА: Триумфи на Мемфис, Њујорк, Сакраменто…

kevinco 300

Кошаркарите на Мемфис, Јута, Њујорк, Шарлот, Бостон, Сакраменто и ЛА Лејкерс забележаа победи на натпреварите кои во ноќта помеѓу неделата и понеделникот се одиграа во НБА.

Мемфис славеше на гостински терен кај Минесота со 114:106. Шестмина играчи на Мемфис постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Џеф грин со 21 и Мајкл Конли со 20 поени. Минесота ја предводеше Зек Лавин со 25 поени, додека Ендрју Вигинс постигна 21 поен.

Ветеранот Кевин Гарнет на теренот мина 24 минути и стана само петтиот играч во НБА историјата кој одиграл најмалку 50.000 минути во лигата. Гарнет натпреварот го заврши со осум поени, пет скока, четири асистенции и три украдени топки.

Сакраменто славеше против Торонто (107:101), а тимот до третата победа во низа го предводеше Демаркус Казинс со 36 поени и 10 скокови. Одличен меч за „кралевите“ одигра и Руди Геј (27 поени, 6 скока).

Бостон неочекувано славеше во Оклахома (100:85). Играч на натпреварот беше Маркус Смарт кој постигна 28 поени и кој одигра одлично во одбраната против Расел Вестбрук. Бекот на Оклахома погоди само пет од 20-те обиди од поле.

Лејкерси стигнаа до вториот триумф во сезоната, откако на домашен терен го совладаа Детроит со 97:85. Коби Брајнт го одигра најдобриот меч од стартот на сеозната (17 поени, 8 скока, 9 асистенции).

Њујорк, предводен од Кармело Ентони (29 поени, 13 скокови) забележа победа над Њу Орлеанс со 95:87. Ентони Дејвис беше најефикасен на мечот со 36 поени.

Јута во Атланта ја прекина серијата од три порази. Дерик Фејворс со 23 и Родни Худ со 20 поени беа најефикасни во победата од 97:96. Кај Атланта најпрецизен беше Пол Милсап со 28 поени.

Шарлот со пресврт славеше над Портланд (106:94). Николас Батум против својот поранешен клуб постигна 33 поени, а Ал Џеферсон имаше учинок од 29 поени. Портланд го предводеше Дамиан Лилард со 23 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП