26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите фудбалери испуштија победа над Франција

Младите фудбалери испуштија победа над Франција

mladi-fudbaleri

Младата фудбалска репрезентација на Македонија испушти победа против фаворизираната Франција, во квалификацискиот натпревар во Групата 3, кој вчера се одигра во тренинг центарот на ФФМ, на стадионот „Петар Милошевски“.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа брилијантно во првото полувреме, целосно го надиграа противникот, а за играта беа наградени со два гола.

Првиот гол го постигна Ангелов, кој беше немилосреден егзекутор на акцијата која во 19. минута ја започна Марковски.

На пет минути до крајот на првиот дел Радески во гол го претвори додавањето на Велковски.

Во второто полувреме Французите извршија вистинска опсада на голот на Алексовски, а особено беа опасни во моментите кога останаа со играч помалку. Спарања по еден час игра го доби вториот жолт картон, поради што мораше да ја напушти играта.

Младите француски фудбалери, за седум минути стигнаа до израмнување, во перидот од 65. до 72. минута голови постигнаа Халер и Н’Куду.

На табелата во Групата 3 води Исланд со 11 бодови од пет одиграни натпревари, Франција има бод помалку, исто така, од пет одиграни натпревари, а Македонија со меч помалку од Исланд и Франција има седум бодови.

Следуваат Шкотска со четири, односно Северна Ирска и Украина со еден бод од четири одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП