15 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОУнгарија по 44 години пауза повторно ќе игра на ЕП

Унгарија по 44 години пауза повторно ќе игра на ЕП

ungarija-ep

Фудбалската репрезентација на Унгарија ќе игра на Европското првенство наредната година, откако во бараж двомечот ја елиминираше Норвешка. Унгарците на првиот меч во Осло победија со 1:0, а во неделата во реваншот на домашен терен, славеа со 2:1.

Унгарците против индиспонираните Норвежани стигнаа до предност со голот на Томаш Пришкин во 14.минута.

Предноста на Унгарицте ја дуплираше Маркус Хенриксен кој во 83.минута го совлада својот голман.

Истиот играч четири минути подоцна ја погоди вистинска мрежа и го постави конечниот резултат.

Последен пат на едно големо натпреварување Унгарците учествувале во 1986 година, кога во Шпанија се играше светското првенство, додека последно учество на европските првенства им е во 1972 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП