ФЕД репрезентацијата на Чешка ја одбрани титулата во ова натпреварување со победата над Русија од 3:2. Решавачкиот поен за Чешка го освоија Каролина Плишкова и Барбара Стрицова во игра на двојки.
Плишкова и Стрицова во последниот меч славеа над руската комбинација Анастасија Пављученкова и Елена Веснина со 4:6, 6:3, 6:2.
Вистинска хероина на Чешка е Плишкова која пред мечот во двојки славеше над Пављученкова со 6:3, 6:4, со што го израмни резултатот на 2:2.
Чешка доминира во ФЕД купот откако ја освои четвртата титула во последните пет години.