10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник во јужноамериканското „Ел Класико“

Без победник во јужноамериканското „Ел Класико“

arg-brazil 33

Репрезентациите на Аргентина и на Бразил одиграа 1:1 во дербито на третото коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.

Мечот на „Монументал“ ја одбележа доминацијата на Аргентина во првите половина час од натпреварот, кога Лавеци го постигна водечкиот гол.

Домаќинот на стартот од второто полувреме имаше можност да го реши мечот, но ударот на Банега заврши во дирекот.

Бразил го раздвижи влегувањето на Даглас Коста и по една негова акција Лукас Лима го израмни резултатот.

По израмнувањето двете репрезентации престанаа да играат, а на теренот започнаа грубостите. Најпрвин во интервал од неколку минути Давид Луиз доби два жолти картони, додека судиите не го забележаа моментот кога Рамиро Мори го удри без топка Дани Алвеш.

По три кола Аргентина има два бода, додека Бразил досега има освоено четири бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП