19 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕуро бараж: БиХ-Република Ирска

Еуро бараж: БиХ-Република Ирска

bihirl-preview-9000

Фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Република Ирска, денеска во Зеница ќе го одиграат првот бараж меч за пласман на Европското првенство во Франција.

„Ирците ги респектираме, но не се плашиме од нив. Знаеме дека им недостигаат некои играчи, меѓутоа тие имаат адекватни замени. Ќе настојуваме да оствариме предност во првиот натпревар. Подготвени сме за агресивна игра и голема борба. Верувам дека по двата натпреварa ние ќе бидеме тие што ќе се радуваме“, смета селекторот на БиХ, Мехмед Баждаревиќ.

Босанскиот селектор за овој меч на располагање ги има сите играчи, со исклучок на Мухамед Бешиќ, кој веќе подолго време е повреден. За разлика од Баждаревиќ, Ирскиот селектор Мартин О’Нил се соочува со големи кадровски проблеми, поради суспензии првиот меч ќе го пропуштат Џон О’Ши и Џонатан Волтерс, а поради повреди нема да настапат Шејн Лонг, Стивен Вард и првиот голман Шеј Гивен.

„Ова е голем предизвик за нас. Имаме неколку повредени играчи, но такви работи се случуваат во фудбалот. Ќе направиме одредени промени во екипата и ќе се обидеме во овие два натпревари да бидеме подобри од БиХ“, вели О’Нил.

Инаку, БиХ никогаш досега не настапила на Европско првенство, во 2010-та во барашот беше елиминирана од Португалија. Ирците од друга страна двапати досега играле на континеталните првенства (1988-ма и 2012-та), а трипати играле во баражот: за ЕП во 1996-та беа елиминирани од Холандија, а за ЕП во 2000-та од Турција, додека за ЕП во 2012-та ја совладаа Естонија.

Натпреварот БиХ-Република Ирска ќе започне во 20:45 часот на стадионот во Зеница, а ќе го суди Германецот Феликс Брих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП