6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо: Меси ќе ја освои Златната топка

Роналдо: Меси ќе ја освои Златната топка

4478

Кристијано Роналдо истакнал дека минатата сезона била најдобра во неговата кариера, но смета дека престижната „Златна топка“, за фудбалер на годината, ќе ја освои Лионел Меси. Роналдо е актуелен освојувач на „Златната топка“, а за очекување е и оваа година да биде во потесниот круг на кандидати за освојување на признанието.

Португалецот, кој е познат по своите арогантни изјави, гостувајќи во емисијата на Џонатан Рос, рекол дека Меси има предност во трката за „Златната топка“.

„Да бидам искрен мислам дека Меси ќе ја освои Златната топка, бидејќи овој трофеј се добива според бројот на гласовите. Минатата сезона веројатно беше најдобра во мојата кариера – бев најдобар стрелец во Европа, но кога за оваа награда сепак одлучуваат гласовите. Каков ќе биде епилогот не ме загрижува многу, искрено никогаш не помислив дека три пати во кариерата ќе ја освојам Златната топка“, рекол Роналдо.

Лионел Меси минатата сезона освои четири трофеи со Барселона, додека Роналдо мораше да се задоволи смао со наградата за најдобар стрелец во Европа.

„Јас немам ривали, со Меси имам нормален однос. Го делиме местото на бината на ФИФА веќе осум години, што претходно се нема случено и тоа е добро. Имам добар однос со него, тој игра за еден клуб, јас за друг. Ќе повторам имаме добар однос. Не сме куќни пријатели, но се почитуваме еден со друг“, дополнил Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП