16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Јовиќ нов рекордер, во Минхен запиша 19 асистенции

Евролига: Јовиќ нов рекордер, во Минхен запиша 19 асистенции

jovik

Плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Стефан Јовиќ, стана нов рекордер во кошаркаската Евролига, откако во победата на неговиот тим во Минхен, над Баерн (90:79), запиша 19 асистенции.

Јовиќ, во петтото коло во А групата, го предводеше својот тим до втората победа оваа сезона, натпреварот го заврши со четири поени, пет скока, 19 асистенции, една украдена и две загубени топки.

Српскиот репрезентативец во Минхен го надмина рекордот на својот соиграч Маркус Вилијамс, кој минатата сезона против Галатасарај имаше 17 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП