26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУнгарските фудбалери на чекор до Франција

Унгарските фудбалери на чекор до Франција

fudi

Фудбалската репрезентација на Унгарија славеше во Осло против Норвешка со 1:0, во првиот меч од баражот за пласман на Европското првенство во Франција.

Единствениот гол на натпреварот го постигна 21-годишниот Ласло Клајнхајсер во 26 минута, кога со полуволеј ја погоди мрежата на норвешкиот голман Ниланд.

Норвежаните во текот на целиот натпревар го диктираа ритамот, имаа неколку шанси за постигнување на гол, првата во четвртата минута преку Скјелберг.

Реваншот ќе се одигра в недела во Будимпешта.

Преостанатите бараж натпревари ќе се одиграат во петок и сабота, а ќе играат Босна и Херцеговина-Република Ирска, Укрина-Словенија и Шведска-Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП