20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ го победи Работнички

МЗТ го победи Работнички

basket

Кошаркарите на МЗТ славеа над вечниот ривал Работнички со 90:85 (31:23, 21:19, 20:15, 18:28), во дерби мечот од петтото коло во домашното првенство.

Фаворитот МЗТ победата ја најави уште во првата четвртина кога постигна 31 поен, а прашањето околу победникот го реши по 30 минути игра кога стекна предност од 15 поени. Работнички се обиде во последниот период но само успеа да ја намали убедливата разлика.

МЗТ го предводеше Дреновац со 25 поени, седум скока, четири асистенции, а двоцифрени беа и останатите од стартната петорка: Стојановски 14 поени, Мијатовиќ 13 поени, осум скока, Буниќ 12 поени, 10 скока и Љубичиќ 12 поени.

Работнички го предводеа Петровски со 22 и Мираковски со 21 поен, а двоцифрени беа уште Ѓуровски со 15 и Трајковски со 13 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП