18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовторно ‘тесен’ пораз на Металург

Повторно ‘тесен’ пораз на Металург

baja-mare-metalurg

Ракометарките на Металург загубија од Мотор Запорожје со 21:23 (12:9), во седмото коло во Д групата, во Лигата на шампионите. Периодот од 40-та до 52-та минута, во која не постигнаа гол, а примија седум, го одведе Металург во вториот пораз пред своите гледачи, вкупно петти во Лигата на шампионите.

Поразот од украинскиот шампион ги згасна надежите на Металург дека до крајот на фазата по групи ќе може да се вклучи во борбата за една од првите две позиции, кои носат пласман во осминафиналето.

Металург, како и на претходните три средби, со своето неискуство и брзоплетост му ја подари победата на противникот.

Одиграа момците од Автокоманда одлично прво полувреме, длабоката и агресивна зона предводена од голманот Дупјачанец, во целост ја запре бековската линија на Мотор, а новиот играч Шпилер со целото свое искуство внесе сигурност во организацијата и реализацијата на нападите.

Отвори Металург со 3:1 во осмата минута, по 13 минути предноста изнесуваше 5:2, а во финишот на првиот дел, во 27 минута играчите на Червар стигнаа до максималната предност од четири голови (11:7).

Во ритамот во кој го завршија првиот дел, ракометарите на Металург продолжија и во вториот, поточно во првата третина од второто полувреме.

Имаше Металург водство од 16:13 во 40-та минута и тука четата на Червар застана. Ракометарите на Мотор кои во првите 30 минути се мачеа да го пробијат бедемот пред Дупјачанец, започнаа лесно да ја пробиваат зоната на ‘сините’, Шелменко постигна три лесни гола и во периодот од 40-та до 52-та минута Украинците направија серија од 0:7 за водство од 16:20.

Успеа Металург за момент да се врати, три гола во четири минути (Матиќ, Палевски, Костески) за 19:20, но поради техничките грешки не направи целосен пресврт. Два напади Металург лесно прокоцка при негатива од 20:21 што противникот знаеше да го искористи, за да забележи значајна победа.

Божовиќ со пет, односно Пешевски и Шпилер со по три гола го предводеа Металург, додека Шелменко со седум голови беше најефикасниот кај Мотор.

Металург во наредното коло, на 19.ноември, ќе гостува во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП