13 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВ четврток започнува 45-от издание на „Златен гонг“

В четврток започнува 45-от издание на „Златен гонг“

zlaten gong 330

Една од најстарите спортски манифестации во Македонија, Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, ќе се одржува од 12-ти до 14-ти ноември. Организатор на манифестацијата е Боксерската федерација на Македонија, а покровители се Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортски федерации и градоначалникот на Скопје.

На реномираната боксерска манифестација, која се одржува од 1969-та година, годинава се пријавени 46 боксери од девет држави: Македонија, Албанија, Англија, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Романија и Велс.

Боите на Македонија на „Златниот гонг“ ќе ги бранат: Идриз Бислими, Јасим Љама, Осман Демиров, Исак Сулејман и Гоце Јанески.

Финалните борби на „Златниот гонг“ се закажани за в недела од 11 часот, а борбите ќе се одвиваат во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП