6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси нема да игра во „Ел Класико“

Меси нема да игра во „Ел Класико“

povreda mesi

Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси, најверојатно нема да игра на дербито со Реал во Мадрид, открил докторот на аргентинската репрезентација, Хомеро де Агостино.

Одделни шпански медиуми во вторникот објавија дека Меси забрзано се рехабилитира од повредата на коленото, и дека се подготвува за настап во „Ел Класико“.

„Мислам дека Меси нема да игра во дербито. Можеби ќе се рехабилитира, но постои голем ризик да ја обнови повредата доколку се појави на теренот. Во таков натпревар тренерот не може да се потпре на играч кој само што се рехабилитирал од повредата“, изјавил Де Агостино за радиото Кадена СЕР.

Тој дополнил дека најдобро би било Меси пред мечот со Реал да одигра еден натпревар за да може да се утврди во каква состојба е неговото колено.

Меси го повреди лигаментот во коленото на 26-ти септември.

Најголемото дерби на шпанскиот фудбал, дуелот меѓу Реал и Барселона, ќе се одигра на 21-ви ноември во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП