19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Прва победа за Њу Орлеанс, се повредија Дејвис и Дурент

НБА: Прва победа за Њу Орлеанс, се повредија Дејвис и Дурент

dalas pelikans

Првата победа во сезоната за Њу Орлеанс, блескавата партија на Расел Вестбрук, односно повредите на НБА ѕвездите Кевин Дуренат и Ентони Дејвис, ја одбележаа ноќта меѓу вторникот и средата во најсилната кошаркарска лига во светот.

Оклахома славеше во Вашингтон со 125:101, а мечот целосно мина во знакот на Вестбрук кој забележа „трипл дабл“ од 22 поени и по 11 скокови и асистенции. Триумфот на Оклахома го засени повредата на Дурент, кој кон крајот на првото полувреме го напушти теренот поради повреда на бутниот мускул. До повредата Дурент имаше учинок од 14 поени и 10 скокови.

Слично како и Дурент, нецело полувреме одигра и првата ѕвезда на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис. Тој ја напушти играта поради повреда на колкот, а тимот објави дека не се работи за фрактура.

Инаку, Њу Орлеанс славеше над Далас со 120:105 и ја забележа првата победа во сезоната. Во отсуство на Дејвис, Њу Орлеанс го предводеше Рајан Андерсон со 25 поени и 11 скокови.

Кливленд, предводен од Леброн Џејмс (31 поен, 7 скока, 8 асистенции), успеа да ја победи Јута со 118:114. Покрај Леброн, кој 17 поени постигна во последната четвртина, во триумфот на Кливленд се истакнаа уште Мо Вилијамс и Кавин Лав со 29, односно 22 поени.

Двејн Вејд, еден од најдобрите играчи на својата генерација, кој е трикратен НБА шампион, упати низа комплименти за Коби Брајант, но суперстарот на ЛА Лејкерси не играше против Мајами.

Мајами славеше над Лејкерси со 101:88, а Вејд постигна 12 поени. Екипата од Флорида ја предводеше Крис Бош со 30 поени и 11 скокови.

Торонто стартуваше со пет победи, а во последната недела нанижа три пораза во серија. Репторси загубија од Њујорк со 109:111, иако Демар Дерозан постигна 29, а Кајл Лаури 23 поени. Вообичаено најефикасен кај Никси беше Кармело Ентони со 25 поени.

Бостон и Шарлот запишаа гостински победи, Бостон мад Милвоки (99:83), а Шарлот над Минесота (104:95).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП