29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБелгија и Холандија размислуваат да ја тужат ФИФА

Белгија и Холандија размислуваат да ја тужат ФИФА

hol-bel

Фудбалските сојузи на Белгија и Холандија размислваат да покренат тужба против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), со која ќе би побарале компензација за трошоците за неуспешната кандидатура за добивање на организацијата на СП во 2018-та година.

Белгијците и Холанѓаните се решиле на ваков чекор по изјавата на Сеп Блатер дека ФИФА многу пред гласањето одредила Русија да биде домаќин на Мундијалот во 2018-та година.

„Изјавата на Блатер не е доволна да се подигне тужба, но ние побаравме совет од правници дали имаме право да побараме да ни бидат компензирани сретствата кои ги вложивме во кампањата“, порачале од Фудбалскиот сојуз на Холандија.

„Нема етика, а и не е фер, кога се води процес на избори во кој победникот е однапред познат. Ние за таа кандидатура имавме одредени трошоци, да знаевме дека немаме никакви шанси да победиме немаше воопшто да се кандидираме“, изјавил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Белгија, Франсоа де Керсмекер.

Покрај Белгија и Холандија, кандидатура за организација на СП во 2018-та година поднесе и Англија, односно Шпанија и Португалија кој имаа намера заеднички да го организираат Мундијалот.

Русија победи во вториот круг на гласањето со 13 гласови, пред Шпанија и Португалија кои имаа седум, односно Белгија и Холандија кои имаа два гласа, додека Англија отпадна уште во првиот круг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП