6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлубовите прифатиле Евролига со 16 екипи

Клубовите прифатиле Евролига со 16 екипи

evroliga-kosarka

Наредната сезона во кошаркарската Евролига ќе играат 16 екипи, објави претседателот на Евролигата Џорди Бартомеу по историскиот состанок кој се одржа во Барселона. Пред преставниците на 11 клубови бил презентиран новиот 10-годишен план, кој е пандан на оној на ФИБА и клубовите решиле да останат во Евролигата.

Според новиот модел од 16-те клубови, 11 би имае А лиценца, три клубови учесници би биле шампиони на своите држави, а преостанатите два ќе бидат победникот на Еврокупот и победникот на квалификацискиот турнир. Дополнително ќе биде решено од кои три држави шампионите ќе играат во Евролигата.

Евролигата откри дека стални учесници ќе бидат клубовите кои и сега ја имаат А лиценцата: Анадолу Ефес, ЦСКА, Армани Милано, Барселона, Фенербахче, Лаборал Куча, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид и Жалгирис.

Во исто време Еврокупот ќе брои 24 екипи, од кои 21 своето место ќе го изборат низ домашните натпреварувања, а три ќе добијат специјална покана. Еврокупот од наредната сезона ќе се игра по истиот формат по кој ќе се игра и Евролигата.

Клучната работа околку кои спореа клубовите беа парите, а како што соопшти првиот човек на ЦСКА Москва, Андерј Ватутин, Евролигата во соработка со агенцијата IMG обезбедила клубовите да добијат многу повеќе пари нег што тоа беше случај во минатата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП