26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар освои бод кај Веспрем

Вардар освои бод кај Веспрем

vardar-rakometari

Ракометарите на Вардар направија одлична увертира пред гостувањето во Барселона, откако во вторникот, на теренот на Веспрем, одиграа 24:24 против бранителот на титулата во СЕХА лигата.

Без Арпад Штербик четата на Раул Гонзалес во текот на целиот натпревар имаше активен резултат, го имаше и последниот напад на мечот, но не успеа да упати удар кон противничкиот гол.

Вардар го диктираше темпото на игра во првото полувреме, неколку пати имаше предност од три гола, но Веспрем со голот на Наѓ на истекот на првиот дел успеа да израмни.

Во вториот дел Веспрем стигна до првата предност, на која Вардар одговори со серија од четири голови за предност од 15:17.

Веспрем потоа ја стигна предноста на ‘црвено-црните’, мечот влезе во неизвесна завршница која не донесе победник.

Дибиров со седум, односно Душебаев со четири голови го предводеа Вардар. ‘Црвено-црните’ во СЕХА лигата досега имаат одиграно девет натпревари (6-1-2), додека Веспрем по седум натпревари има учинок од шест победи и едно реми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП