17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДопинг скандал: Атлетичари си ги бараат медалите

Допинг скандал: Атлетичари си ги бараат медалите

руссија

Атлетичарите и националните Сојузи кои чувствуваат дека се оштетени по откривањето на скандалот со прикривањето и уништувањето на допинг тестовите во Русија, во вторникот започнаа да си ги бараат медалите кои не ги освоиле од руските атлетичари кој се споменуваат во извештајот на Светската анти допинг агенција (WADA).

Прва се огласи Американката Алисија Монтано, која на Олимписките игри во Лондон заврши на петтото место на трката на 800 метри. На таа трка златниот и бронзениот медал го освоија Марија Савинова и Екатерина Поистигова, атлетичарки на кои по извештајот на WADA им се заканува доживотна суспензија.

„Медали кои треба да ми бидат доделени: сребро од СП во 2010, во сала, бронза од СП во 2011, олимписка бронза во 2012 и бронза од СП во 2013“, напишала Монтано на својот профил на Twitter.

Во Австралија својот медал си го побара Џаред Талент. Тој на трката на 50 километри, брзо одење, на ОИ во Лондон, заврши на второто место зад Русинот Сергеј Кирдјапкин. Талент бара да му биде доделен златниот медал.

„Од мојата трка во Лондон поминаа 1185 денови. Уште колку ќе морам да чекам за да го добијам златниот медал.

Инаку Кирдјапкин, во јануари доби суспензија поради неправилности во биолошкиот пасош.

„На Џаред Талент му го одзедоа медалот и честа која ја заслужува“, рекла шефицата на Австралискиот олимписки одбор за 2016 година, Кети Чилер.

Инаку, по завршувањето на ОИ во Лондон, Валери Адамс од Нов Зеланд, го доби златниот медал во дисциплината фрлање ѓуле, откако тој и беше одземен на Белорусинката Надежда Остапчук.

WADA по спроведената истрага на надлежните институции им предложи Руската атлетска федерација да биде исклучена од сите натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Во овој извештај се наведени и имињата на пет атлетичарки кои би требало да бидат доживотно суспендирани, покрај Екатерина Поистигова и Марија Савинова, тука се уште Анастасија Баздиева (400 и 800 метри), Кристина Угарова (1.500 метри) и Татјана Мијазина (800 метри).

Во целиот скандал покрај овие пет атлетичарки биле вмешани уште четворица тренери и еден лекар. Исто така било утврдено дека биле уништени 1.417 допинг тестови со цел WADA да не спроведе дополнителни анализи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП