ПочетнаИНТЕРЕСНОСампдорија ќе го ангажира Монтела

Сампдорија ќе го ангажира Монтела

SERIE A, FIORENTINA: VINCENZO MONTELLA IN CONFERENZA STAMPA

Винченцо Монтела најверојатно ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Сампдорија, пренесува Sky Italia. Истиот извор наведува дека Монтела ќе потпише договор до јуни 2017-та година, а на клупата ќе го наследи Валтер Ѕенга.

Единствена пречка за остварување на договореното може да биде Фиорентина, која и понатаму му дава плата на Монтела иако во август го смени од функцијата. Имено, Фиорентина за раскин на договор би требало на Монтела да му исплати сума од четири милиони евра.

Фиорентина, во летниот преоден рок го смени Монтеал и на неговото место го ангажираше Португалецот Паоло Соуса.

Екипата на Сампдорија, во неделата загуби на домашен терен токму од Фиорентина (0:2), во моментов екипата од „Мараси“ се наоѓа на 10-то место во Серија А со 16 бодови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП